Се одбележува денот кога падна Бастилја

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Воена парада се случува во моментов сред Париз по повод денот на француската независност и денот кога започнала француската ревлуција. Можете да ја проследите во живо на следниот линк.

Парадата е традиционална, но има дополнително значење поради војната во Украина. Франција со парадата сака да ги поздрави Украина и своите сојузници од Источна Европа.

Француските трупи распоредени блиску до Украина по рускиот напад во февруари имаат посебно место на настанот, на кој присуствуваат претседателот Емануел Макрон, неговата влада и странските лидери.

– Парадата е означена и го зема предвид стратешкиот контекст – рече претставник од кабинетот на Макрон.

– Идејата е да се истакне стратешката солидарност со нашите сојузници.

Речиси пет месеци откако Русија ја нападна Украина, парадата на Елисејските полиња ќе биде отворена со презентација на националните знамиња на девет земји-сојузнички гости, повеќето од нив соседи на Украина или Русија: Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.

Следни ќе бидат војниците кои го претставуваат францускиот контингент на источното крило на НАТО. Париз го забрза распоредувањето на 500 војници во Романија неколку дена по рускиот напад врз Украина и е подготвен да го зголеми бројот доколку е потребно.

Франција, исто така, учествува во копнените и воздушните операции во Естонија и испрати борбени авиони Рафал за зајакнување на воздушната одбрана на Полска.

Зголемената воена посветеност на Макрон кон источна Европа се случува во исто време кога Франција ги намалува трупите во африканскиот регион Сахел. Париз таму ќе задржи не повеќе од 2.300 војници до крајот на летото, за разлика од лани кога имаше над 5.000.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article