More

    Се јави таткото на еден од осомничените за убиството на Данка

    spot_img

    Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на 2-годишната Данка Илиќ од Бор, Србија, во изјава за Телеграф открива дека неговиот син воопшто не се однесувал чудно.

    Со мирен глас Радослав накратко раскажува дека не знае повеќе детали за случајот кој ја шокираше цела Србија и Европа.

    – Дејан не беше збунет, цело ова време се однесуваше сосема нормално, изјави Радослав.

    Раскажува дека тој и неговиот син живеат во иста куќа, но дека не поминуваат многу време заедно.

    – Наутро излегува од дома, навечер доаѓа. Не знам ништо повеќе за ова додека не го видам – накратко изјави Радослав.

    Таткото на осомничениот Дејан вели дека лично не го познава Срѓан Јовановиќ, кој исто така е осомничен за убиството на Данка.

    – Знам дека се познаваат од работа, јас не го познавам – рекол таткото на осомничениот Драгијевиќ.

    Јанковиќ е осомничен дека управувал службено возило ЈКП „Водовод“ и наводно удрил во двегодишно девојче на Бањски пат, додека со него бил Драгијевиќ.

    Дејан и Срѓан се колеги и се истражуваат околностите под кои се случило се.

    – Дејан не е женет, по село никогаш не правел големи проблеми, но се знае дека сака да пие. Никогаш не мислевме дека ќе биде способен за вакво нешто – велат неговите блиски пријатели за српски Курир.

    Според соседите, Срѓан е разведен и долго време е вработен во „Водовод“.

    – Се разведе пред околу една година, има син и снаа, а имаат и мало девојче. Има внука, не знам како можеше да му текне такво нешто, се надевам дека не е вистина – раскажува сосед од селото Лука.

    Инспекторите ги донеле на местото на злосторството, односно на местото каде најверојатно со својот автомобил ја прегазиле малата Данка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img