More

    Вонредна седница на српската влада, Вучиќ најави тешки денови

    spot_img

    Владата на Србија денеска одржува вонредната седница на која присуствуваат претседателот Александар Вучиќ, како и претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, министри и луѓе од безбедносниот сектор, армијата и полицијата и директори на јавни претпријатија, јавува РТС.

    Вучиќ на седницата на Владата рече дека претстојат тешки и важни задачи и побара од сите членови на Владата, без разлика какви функции ќе извршуваат, сериозно и одговорно да ја вршат својата работа и повика на формирање тимови за содејство на сите сили, пренесува Данас.

    -Имаме неколку важни работи за кои треба да се договориме денеска. Без разлика што за краток период ќе се формира нова влада, ни претстојат тешки и важни задачи и би ги замолил сите членови на Владата, без разлика какви функции ќе извршуваат во наредниот период, посветено, сериозно и одговорно да работиме на извршување на сите задачи – рече Вучиќ.

    Српскиот претседател додаде дека „тоа е нешто суштинско за нас, од најголемо значење, како и опстанокот на земјата.

    Вучиќ посочи дека денеска продолжуваат разговорите во Брисел, за што е подготвен Белград, но дека не може да се очекува ништо добро, бидејќи, како што рече, „косовскиот премиер Аљбин Курти ќе продолжи со својата агресија кон српскиот народ, особено на северот“.

    – Немаме ништо лично да им замериме на луѓето кои го водат дијалогот, но тој стана пакување и ставање панделка на криминалните дела на Аљбин Курти, во кои сè што прави тој мора да се легализира и да добие согласност од Србија за неговите постапки – рече Вучиќ на вонредната седница на Влада на Србија.

    Српскиот претседател предупреди дека позицијата на Србија ќе биде сè потешка.

    – Ние нема да учествуваме во ова, иако мислиме дека разумното и рационално дејствување е нешто што ќе го промени односот на западните сили кон Приштина. Позицијата на нашиот народ ќе биде се потешка и ние сме посветени на тоа, секогаш ќе бидеме со својот народ – рече српскиот шеф на државата.

    Вучиќ повтори дека Курти ќе продолжи со својата агресија, особено на север, додека Европа и Америка ќе продолжат со гласниот молк.

    – Сите други немаат влијание врз приштинските власти, ниту се во позиција да ни помогнат – изјави српскиот претседател.

    Вучиќ и нареди на Владата да формира тим кој ќе ја води кампањата против членството на Косово во Советот на Европа, бидејќи одлучувачка одлука за ова се очекува на 16 или 17 мај.

    – И покрај силните поддржувачи на независноста на Приштина, сепак мислам дека имаме мали шанси и затоа ве замолувам да се борите посилно од било кога. Не сакам да бидам непријатен пред камерите, само ве замолувам да се посветите на тоа – истакна Вучиќ.

    Тој додаде дека тоа е од клучно значење за Србија.

    – Можно е некои земји кои ја признаа независноста на Косово да не бидат позитивни за членството на Косово во Советот на Европа“ – рече Вучиќ и најави средби со некои од европските лидери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img