More

    Постои основано сомнение дека еден од двајцата уапсени за убиството на двегодишната Данка во Србија го задавил девојчето кое лежело на патот и плачело повредено од ударот на нивниот автомобил

    spot_img

    Постои основано сомнение дека еден од двајцата уапсени за убиството на двегодишната Данка во Србија го задавил девојчето кое лежело на патот и плачело повредено од ударот на нивниот автомобил, тврди српски Информер.

    Српските медиуми пишуваат дека за сите денови додека полицијата трагала С.Ј(50) и Д.Д.(50) кроеле план како да ги сокријат трагите.

    Еден од осомничените размислувал да го пренесат телото на Данка во село на 36 километри од Бор. Ова се случило откако мажите виделе како цела Србија е на нозе и трага по детето, пишува Информер.

    „Еден од уапсените рекол дека ‘јас, соучесник, му реков дека ќе го ископа телото на малата Данка и ќе го сокрие во неговото село, кое е на 36 километри од Бор’. Тој наводно му рекол на другиот маж дека ќе го закопа телото до плевната. Таа трага полицијата синоќа ја проверуваше со специјално обучени кучиња, ископана е и претресена. Екстремно е непристапна, до неа се стигнува само со трактори. Локацијата е проверена, телото не е пронајдено. Се претпоставува дека  телото се наоѓа на депонија и потрагата по Данка сè уште е во тек “, наведува Информер.

    Исто така, двајцата мажи претходно биле приведени во полиција бидејќи нивното возило „фиат панда“ било фатено на камерите кои полицијата ги прегледувала. Мажите изјавиле дека немаат врска со исчезнувањето на Данка и биле пуштени од полицијата.

    Но, тие биле многу сомнителни на полицијата и затоа полицијата и пожарникарите ги прекопувале атарите на селата и ги пребаруваа депониите, убедени дека ќе го најдат телото што го закопале.

    За разлика од српската полиција која активно копаше и уште го бара телото на Данка покрај Старобањскиот пат кај Бор, соседите на С.Ј. од селото Лука и Д.Д. од селото Злот не се сомневале во мажите затоа што С.Ј. и Д.Д. работеле на депонија долги години.

    Денеска С.Ј. и Д.Д. беа уапсени и го признаа делото. Ова го обзнани српскиот претседател Александар Вучиќ на седница на владата. И С.Ј. и Д.Д. посочиле дека го закопале телото на Данка од десната страна на патот, но не се сеќаваат точно каде го закопале велејќи дека во тој момент тие биле пијани.

    Полицијата уште трага по телото.

    Со признавањето вина за убиството на Данка од страна на С.Ј. и Д.Д. се побија шпекулациите дека таа била киднапирана или продадена во Австрија. Шпекулациите произлегоа од видео кое српски државјанин го достави до полицијата во Виена на кое се гледа девојче кое личи на Данка со две жени, по националност Романки.

    Беа потребни четири дена австриската полиција да утврди дека жените на видеото не се Романки. Една од нив во текот на тие денови била во полиција за да каже дека на видеото е нејзината ќерка, а не Данка. Таа била многу исплашена за својата безбедност. Полицајците отпрвин не ја сфаќале за сериозно, за потоа да го потврдат нејзиниот идентитет.

    Српските медиуми пишуваат дека кога излегло видеото во јавноста убијците на Данка за кратко си помислиле дека се спасиле.

    Јавноста во Австрија е гневна на полицијата во Виена на која ѝ требаа четири дена за да ја открие автентиноста на видеото. Романката раскажа во интервју за стресот што го доживеала кога полицајците не ѝ поверувале дека таа не е поврзана со Данка и за чувството дека некој може да ја поврзува со киднапирање деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img