Се интензивираат судирите на израелско-либанската граница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ЛибанскИ Хезболах соопшти дека денеска истрелал десетици ракети врз северен Израел како одговор на израелските напади врз јужен Либан претходниот ден, во кои загинаа 15 лица, меѓу кои и воен претставник на Хезболах.

„Во првиот одговор на масакрите во областите Набатиех и Саванех (на југот на Либан), во 17:55 часот по локално време, борците на исламскиот отпор истрелаа десетици ракети од типот „Каќуша“ врз Кирјат Шамон во северно од Израел, кој граничи со Либан“ – објави Хезболах.

Размената на оган меѓу Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, со израелската армија, која станува речиси секојдневна од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа на 7 октомври, се интензивира во изминативе денови.

Хезболах поддржан од Иран, ја презеде одговорноста за серијата напади врз израелските воени позиции во близина на границата претходно денеска.

Во три одделни изјави, либанското движење објави дека загинале тројца нивни борци во денешните израелски напади, со што вкупниот број на загинати членови на Хезболах од вчера се искачи на осум.

Share This Article