More

    Се бара стратегија за пронаоѓање на лекот за излез од состојбата

    spot_img

    Недостасуваат педијатри, гинеколози, има дефицит на патолози, се поголем број млади лекари заминуваат во странство, а државата останува без кадар. Доктор Џенгис Јашар како патолог, кој учествува на дводневната студентска конференција на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип посочува дека е дефицитарен и кадарот,  кога се во прашање и микробиологијата, биохемијата и слично. Смета дека ова се должи на тоа што за студентите не се атрактивни одредени медицински гранки од една страна, а од друга страна нема начин и мотивација, како да бидат интересни со што младите ќе ги изберат и ќе останат да работат во државата.

    -Дел од гранките во медицината, ќе ја вклучам тука и миктобиологијата, биохемијата во оваа средина не се доволно ценети и не се атрактивни. Во последно време има голем дефицит на педијатри, гинеколози, поедини интернистички гранки и слично. Во суштина со тек на време дефициентните гранки ќе бидат се позастапени – вели Јашар.

    Универзитетскиот професор на Факултетот за медицински науки, Билјана Ефтимова вели дека во болниците недостигаат и анестезиолози, бидејќи се помалку ова како гранка е атрактивно за младите. Сепак, има и такви кои ја бираат и добиваат мотив за да продолжат понатаму, бидејќи станува збор за тешка и одговорна медицинска гранка.

    -Јас мислам дека тие вака им е интересно и сами се мотивираат во операциската сала. Голем дел од студентите сакаат да бираат теми од нашата област и ги менторираме нив и стимулираме да ја одберат како гранка иако е многу тешка – вели Ефтимова.

    Факултетот за медицински науки при УГД Штип има три студиски програми и околу 3000 активни студенти. Лекари, професори и студенти веќе два дена се дел од третиот студентски конгрес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img