More

    Сали повика на вакцинација со трета доза за најранливите

    spot_img

    Вкупно 250 илјади дози вакцина против ковид-19 од производителот „Фајзер“ пристигна денеска во земјава, како прв дел од донацијата од Италија, што се реализира преку механизмот Ковакс и УНИЦЕФ, а в среда се очекува да пристигне и втората пратка.

    Министерот за здравство Беким Сали се заблагодари за донацијата на италијанската влада и им порача на граѓаните дека Министерството за здравство во континуитет се грижи да имаме доволен број на вакцини.

    – Министерството за здравство во континуитет се грижи за да имаме доволен број на вакцини. Вакцините се сигурни, безбедни и на сигурно место во Институт за трансфузиологија. Се знае, преносот на вакцините се прави со ладен ланец до сите пет точки коишто ни се битни во државата и оттаму секако апликацијата оди преку одредени адреси, односно точки за вакцинација – рече Сали по примопредавањето на донацијата пред Институтот за трансфузилогија.

    Бројот на граѓаните кои примиле прва доза на вакцина против ковид-19 не е доволен, но уште понезадоволително е тоа што е многу мал бројот на оние кои примиле трета доза, која е најсигурниот штитник особено за пациентите со коморбидитети, изјави вечерва министерот за здравство Беким Сали, упатувајќи апел до ова група граѓани што побрзо да се обратат на вакциналните пунктови за да се заштитат.

    – Нашите првични анализи, кои не се финални, ни даваат до знаење дека третата доза е најсигурниот и најбезбедниот штитник. Апел до сите наши граѓани, ги молиме сите што имаат коморбидитети, што побрзо да се обратат кон сите вакциналните пунктови за да се заштитат –  изјави Сали во одговор на новинарско прашање, по примопредавање на првиот дел од донацијата од Италија од 250.000 дози вакцини „Фајзер“ против ковид-19.

    фото: МИА

    На прашањето колку пари се трошат на уништувањето на вакцини, со оглед на тоа што кон крајот на месецот ќе бидат уништени 300.000 вакцини, Сали рече дека сега не е момент на финансиска калкулација, но информираше дека уништување на една вијала од шест дози вакцини чини 0,29 денари.

    – Сметаме дека не е момент на финансиски калкулации. Ние сме во период на една пандемија која трае, иако одредени држави веќе ја сметаат за завршена приказна, но ние се занимаваме со терцијални или секундарни работи, а приматот го забораваме. Уништувањето на вакцините скоро и да не чини многу колку што се пропагира. Една вијала која што е шест дози на вакцини чини околу 0,29 денари и мислам дека не би требало да се прави некоја политика за уништувањето на вакцини, колку што е важна навремена вакцинација на нашиот народ – додаде министерот за здравство.

    Тој уште еднаш испрати апел до граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат од вирусот.

    – Ние ова не го гледаме од апект на кампања за да ги трошиме вакцините, за да не ги уништуваме. Наша кампања е со цел заштита на здравјето на населението. Сметам дека секој од нас има изгубено близок од семејството или пријател и знаеме колкава е тагата на секој од нас поради фактот што сме ги изгубиле заради немање вакцини. Мислам дека го правиме она што е најсигурно и најбезбедно за нашиот народ – рече Сали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img