More

    Сали: Пациентите кои имаат потреба за ковид тест во Скопје ако денес побараат да бидат тестирани ќе направат брз тест истиот ден, а ПЦР следниот ден

    spot_img

    Пациентите кои имаат потреба за ковид тест во Скопје ако денес побараат да бидат тестирани ќе направат брз тест истиот ден, а ПЦР следниот ден, рече министерот за здравство Беким Сали вечерва во гостување на ТВ Сител.

    Чекање со денови за тестирање, според него, можеби се случува во помали градови каде што нема ПЦР тестови и граѓаните се приморани да патуваат на друго место.

    Министерот не гледа никаква причина да не се реализира планот за најавените пет ковид амбуланти на територијата на Скопје, за што вели дека се во комуникација со сите лекари.

    – Во моментот кога веќе ќе дојдеме до фаза да имаме потреба од активирање на тие ковид амбуланти, како систем сме подготвени за тие пет на ниво на Скопје, се знаат локациите. Тука ќе имаме брзо тестирање веднаш, без закажување термин, лабораторија и евентуално брз упат веднаш за ренген снимање на бели дробови доколку бара клиничката слика – рече Сали, наведувајќи дека две од три здруженија на матичните лекари потврдиле дека ја поддржуваат иницијативата.

    Во тек на овој бран во кој навлегуваме, работата на овие пет центри во кои пациентите ќе добијат навреме и дијагностика и резултати и третман ќе придонесе за заштита на другото население кое не е инфицирано.

    Тој уверува дека на инфективните одделенија има сосема доволна количина лекови кои се потребни и тоа од сите најсовремени терапии што се практикуваат.

    Државата располага со 350.000 дози вакцини за заштита од ковид со рок на траење до октомври. Сали го повтори апелот граѓаните да се вакцинираат и да се заштитат предвреме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img