More

    Салах го урива рекордот на Нејмар

    spot_img

    Египетскиот фудбалер Мохамед Салах е пред трансфер во саудискиот клуб Ал Итихад и тоа за рекордни 235 милиони евра. Ал Итихад минатото лето ја тестираше подготвеноста на Ливерпул да го продаде  Салах со понуда од 175 милиони евра. Англискиот клуб ја одби таа понуда, но само неколку месеци подоцна работите изгледа се менуваат откако саудискиот клуб ја зголеми понудата за египетски напаѓач.

    Како што пишува The Athletic, клубот од Саудиска Арабија не се откажал од Салах. Тој потсетува и дека Ал Итихад е подготвен да ја подигне својата понуда на 235 милиони евра, со што 31-годишниот напаѓач би го имал најскапиот трансфер на сите времиња, 13 милиони евра поскап од оној во кој ПСЖ го донесе Нејмар од Барселона во август 2017. На Салах му е понудено 7 милиони евра месечно или плата од 84 милиони евра по сезона.

    Стрелецот на 204 гола за Ливерпул сѐ уште нема донесено конечна одлука за продолжување на кариерата. Тој е под договор со англискиот клуб и за следната сезона, но на него може да влијае и заминувањето на тренерот Јирген Клоп. Тренерот кој ќе го преземе тимот пред почетокот на следната сезона ќе донесе одлука за улогите на поединечни играчи во тимот, а Салах сака да знае каква ќе биде неговата.

    Салах за Ливерпул одигра 332 натпревари, а покрај 204 гола има и 88 асистенции за клубот во кој е од 2017 година и со кој ги освои титулите во Лигата на шампионите и во Премиер лигата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img