Рускиот војник кој уништи тенк „Леопард“ од германско производство во битка во Украина, доби награда од 1 милион рубљи (11.842 долари) од приватна фондација, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
На видеото објавено од Министерството, војникот Андреј Кравцов може да се види како седи на болнички кревет како прима награда од Александар Карелин, трикратен олимписки шампион во грчко-римско борење.
Министерството не соопшти кога и каде Кравцов го уништил тенкот или за што се лекува во болница. На видеото, се чини дека неговата десна рака ја нема.
Русија вели дека нејзините сили уништиле голем број борбени возила „Леопарди“ од германско производство и „Бредли“ испорачани од САД, откако Украина започна контраофанзива на почетокот на овој месец. Ројтерс не можеше независно да ги потврди бројките.