More

    Северна Кореја ги предупреди САД за можна светска војна

    spot_img

    Висок севернокорејски воен претставник ги критикуваше САД за испраќање воена помош за Украина , објави тамошната државна новинска агенција КЦНА. Парк Јонг-Чон, еден од највисоките воени претставници на Северна Кореја, рече дека Русија има „право да одлучи за каков било одмазднички напад“, додавајќи дека Вашингтон „продолжува да ја турка Украина во прокси војна против Русија, што може да предизвика посилен одговор од Москва.

    – И нова светска војна – вели Јонг-Чон, пренесе Ројтерс.

    САД и Јужна Кореја се вознемирени од продлабочувањето на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја и ги обвинија за кршење на меѓународните закони за трговија со оружје.

    Американскиот заменик државен секретар Курт Кембел во понеделникот изјави дека разговорите меѓу двете земји може да се поврзани со програмата на Северна Кореја за проектили со долг дострел, јави Ројтерс.

    Се верува дека Русија примила околу 1,6 милиони артилериски гранати од Северна Кореја во периодот од август до јануари, објави Вашингтон пост. Владимир Путин и Ким Jонг Ун го потпишаа пактот за време на посетата на Путин на Пјонгјанг минатата недела. Во пактот, тие ветија дека секоја страна ќе обезбеди „итна воена помош на другата во случај на вооружена агресија“.

    Во меѓувреме, Ким Канг Ил, заменик министерот за одбрана денеска ги обвини САД дека планираат заеднички воени вежби со Јужна Кореја и Јапонија и дека за таа цел САД ќе испратат еден носач за авиони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img