Ројтерс јавува дека утринава две ракети ја погодиле областа југозападно од Киев. Засега не е јасно кои биле метите.
Според градската управа на Киев, еден од проектилите погодил станбена зграда.
Би-би-си јавува дека еден од проектилите паднал во област во близина на аеродромот Жулиани во главниот град.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба исто така објави дека Русите удриле во станбена зграда.
„Киев, нашиот голем, мирен град, преживеа уште една ноќ под нападите на руските копнени сили и проектили. Еден од нив удри и во станбена зграда во Киев“, напиша Кулеба и додаде:
„Барам од светот целосно да се изолира Русија, да се протераат амбасадорите, да се стави ембарго на нафтата, да се уништи нивната економија. Стоп за руските воени злосторници!