More

    Русин е уапсен во САД

    spot_img

    Руски државјанин уапсен во САД е обвинет за производство на оружје за масовно уништување во неговиот дом во Филаделфија, јавуваат американските медиуми.

    Евгениј Садрисламов (27) се товари за поседување оружје за масовно уништување, палење и несовесно загрозување на јавната безбедност.

    Тој е задржан со кауција од 950.000 долари, а прелиминарното сослушување е закажано за 22 октомври, соопштија официјални лица.

    Полицијата од имотот на Садрисламов запленети речиси 23 килограми експлозив, а властите велат дека со него можел да го „уништи целиот кварт“.

    Пожарникарите биле повикани на неговиот имот минатиот петок откако добиле дојава за чад што доаѓа од гаражата. Маж и жена, чиј идентитет не се соопштува, се извлечени од домот и им била укажана лекарска помош на местото на настанот.

    Во подрумот и гаражата била пронајдена „лабораторија за производство на експлозиви“, вклучувајќи материјали за правење запаливи направи.

    Садрисламов веќе бил со условна казна по инцидентот во 2020 година, кога во неговиот дом беше пронајден комерцијален огномет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img