More

    Русија преместува војска и опрема од другата страна

    spot_img

    НАТО ќе распореди противвоздушни ракетни системи „Патриот“ од американско производство во Литванија во 2024 година, најави литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас.

    – Годинава ротациониот систем за противвоздушна одбрана конечно ќе стане оперативен, барем делумно – истакна Анусаускас.

    Литванија граничи со руската енклава Калининград и со руската сојузничка Белорусија.

    Но, истовремено руската војска се подготвува за долгорочни тензии и конфликти со земјите-членки на НАТО во регионот на Балтичкото Море, додека Кремљ истовремено ги проширува своите воени капацитети на запад, објавија разузнавачките агенции на Литванија.

    Ова е големо престројување на руските вооружени сили во западните региони, се вели во извештајот.

    Руските вооружени сили сè повеќе ги користат воздушните, поморските и нуклеарните капацитети за проектирање на рускиот потенцијал на Балтикот, се наведува во заедничкиот извештај на воените и разузнавачките агенции на Литванија, пренесува Блумберг.

    Сепак, изградбата на потребната инфраструктура и опремувањето на единиците со жива сила и оружје ќе трае „најмалку неколку години“, се наведува понатаму.

    „Станува збор за компензирање на загубите во Украина и создавање нови можности за долгорочна конфронтација со Западот“, се вели во извештајот на литванската разузнавачка служба.

    Па сепак, според естонски разузнавачи се проценува дека на Русија ќе ѝ бидат потребни три до пет години за да ја обнови својата воена машина доволно за да претставува директна закана за западната воена алијанса.

    НАТО изминатите години распореди дополнителни сили во Источна Европа и во балтичките земји поради руската инвазија врз Украина. САД и европските сојузници минатата година ѝ доставија на Украина неколку батерии „Патриот“, со цел да го поддржат Киев во неговата борба со Русија.

    Во близина на границата со Литванија, во белоруската воздухопловна база Лида се чуваат авион Су-25 кои се способни да носат нуклеарно оружје, додека во базата Асиповичи во централна Белорусија распоредени се мобилни ракетни системи Искандер-М.

    Белорусија ја обнови својата инфраструктура за нуклеарно складирање и о обучи својот воен персонал да управува со нуклеарни системи.

    Истовремено, Финска и Шведска влегоа во НАТО. Кремљ се спротиви на одлуката и распореди распореди бродови способни да носат крстосувачки ракети „Калибр“ на езерото Ладога, во регионот Карелија, во близина на југоисточната граница на Финска.

    Лани Москва ги леташе своите тешки бомбардери Ту-22М3 над Балтичкото Море.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img