More

    Русија нема да користи нуклеарно оружје во Украина

    spot_img

    – Нема победници во нуклеарна војна и никогаш не треба да се води. Цврсто стоиме на таа изјава – рече Келин.

    Интервјуто на рускиот амбасадор доаѓа во мигови кога Москва го повика британскиот амбасадор на разговор, поради тврдењата на руската страна за вмешаност на членови на британската морнарица во неодамнешниот напад врз руската Црноморска флота во близина на Крим.

    На прашањето дали има докази за таквите тврдења Келин рече: „Совршено знаеме дека британските специјални сили учествуваа во обуката, подготовката и извршувањето на нападот против руската инфраструктура и руската флота во Црното Море. Знаеме што се случи”.

    На инсистирањето на новинарот да презентира докази за тврдењата за вмешаност на британските специјални сили во нападот на Крим, Келин рече дека доказите ќе бидат објавени мошне скоро, „можеби и утре”.

    „Тоа е опасно затоа што ја ексалира ситуацијата. Може да не доведе до, би рекол, точка од која нема враќање, но враќањето е секогаш можно. Како и да е, треба да избегнеме ескалација”, рече рускиот амбасадор.

    Притоа предупреди на преголемата вмешаност на Велика Британија во конфликтот.

    „Тоа значи дека ситуацијата станува се поопасна”, рече тој.
    На прашањето дали Москва може да употреби нуклеарно оружје во војната во Украина, рускиот амбасадор дециден: „Не. Го уверуваме светот дека Русија нема да користи тактичко нуклеарно оружје во конфликтот во Украина”.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img