Со години играше со Кристијано Роналдо, но за Вејн Руни најдобар фудбалер на сите времиња е Лионел Меси.
Меси кариерата ќе ја продолжи во МЛС, а се уште го чекаме дебито во дресот на Интер Мајами каде пристигнаа и Серхио Бускетс и Херардо Тата Мартино.
„Доведувањето на Меси е одличен потег на МЛС. Комерцијално ќе биде огромна работа да се привлече интересот на целиот свет, бидејќи тие го доведоа веројатно најдобриот фудбалер што некогаш ја играл оваа игра“, вели Руни.
„Сигурен сум дека на Мајами ќе му донесе скок на табелата, секогаш е натпреварувачки расположен. Тренери, играчи, навивачи… Сите се возбудени што ќе го видат во оваа лига“, додаде Руни, кој и самиот дел од кариерата во МЛС го мина носејќи го дресот на Ди Си Јунајтед.
Се очекува Интер официјално да ги претстави Меси и Бускетс на 16 јули на специјален настан во Мајами.