More

    Легендата упати повик до институциите да го фатат крадецот во клубот

    spot_img

    Македонската фудбалска икона Дарко Панчев излезе со јавно соопштение во одговор на актуелната ситуација во ФК Вардар. Оваа реакција следува по обвинувањата од раководството на клубот за долговите што ФК Вардар ги има кон него од периодот кога служеше како спортски директор. Во соопштението, Панчев е посочен како еден од најзначајните побарувачи, а тој ги презентира своите аргументи и објаснува својата страна на приказната.

    – По дваесет години откако организирано и злонамерно ме прикажуваат како Дарко, ваков, онаков, никаков, предавник, северџан, уништувач на Вардар, сега се осмелија, се дрзнаа пред ‘Комитите’ да ме прогласат за крадец, криминалец, апаш и преварант – да ме поистоветат со себе си. Замислете, мое кривично дело затоа што ТИЕ имаат долг кон мене од четири милиони денари!? – пишува во писмото до медиумите Дарко Панчев.

    Тој оценува дека во ек на најжестоките декларации дека конечно е дојдено времето за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, некакви мерит системи и така натаму, во Вардар се носат кадровски решенија кои се сосема котрадикторни на сите тие најави.

    – За мене лично немаше логика. Освен можеби, што би било многу интелегентно, ликовите да се избрани заради нивната компетентост – широки, практични и докажани знаења од областа на криминалот – вели Панчев.

    Панчев во писмото повикува, „за да не го срамотиме името на нашиот ФК Вардар, кој толку многу сите го сакаме“, вели тој, ги повикувам институциите веднаш да влезат во клубот и да ги прочешлаат книгите“.

    – Нема да биде едноставно, не е тајна дека дека има многу Вардари, бришења на Вардари. Многу и чести промени на раководства, Собранија и други такви мајстории. Верувам, сигурен сум дека во нив има и квалитетни луѓе, специјалисти на кои ако им се даде слобода и поддршка, својата работа ќе ја завршат како што треба. Нема да ги наведувам кои се тие надлежни институции. Претпоставувам дека ќе наидат на секаков вид, висок и низок организиран криминал – пишува Дарко Панчев во своето писмо до медиумите.

    Панчев вели дека во еден момент бил во дилема дали да поднесе тужба.

    – Брзо ја отфрлив таа идеја. Не заради недоверба во судството, напротив се откажав од идејата затоа што ќе одев на нивниот терен. Тој простор, ходници, судници е нивниот мегдан, таму се вешти, маестрални се како јагулите во Дрим. Непобедливи. Таму би ме здробиле, би ме победиле со троцифрен резултат. Праксата во овие дваесет години го покажала и докажала тоа, затоа се определив за претходно посоченото решение – посочува Панчев.

    Тој препознава „пеколно опасни индиции дека на Вардар уште еднаш му се подготвува нешто гадно. Можеби конечниот удар или ѕвоното на последниот фајронт.

    – Зошто секогаш кога најавувале на големи ѕвона нови богати инвеститори, милионери, милијардери, спасители како тие самите, Вардар брзо пропаѓал и само го зголемувал својот долг на и онака блокираната сметка од пред дваесет и пет години – истакнува Панчев во своето обраќање до спортската и целата друга јавност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img