Кристијано Роналдо се враќа на суд поради обвинението дека во 2010 година го платил молкот на Кетрин Мајорга, која го обвини за силување.
Кетрин, која се откажа од правото на анонимност, добила 375.000 долари за да молчи. Таа сведочеше дека Роналдо ја силувал во хотел во Лас Вегас во јуни 2009 година, а тој тоа остро негираше. Тужбата беше отфрлена во јуни минатата година поради несовесно однесување и украдени документи. Меѓутоа, во среда американскиот суд ќе ги сослуша адвокатите кои сакаат да ги оживеат обидите на Мајорга да го принуди Роналдо да и плати милиони.
Нејзиниот правен тим бара од судот да го поништи отфрлањето на нејзиниот случај и повторно да ја отвори граѓанската тужба што Мајорга ја поднесе во Невада во 2018 година. Тие тврдат дека федералниот судија во Невада згрешил кога постојано ги отфрлал обидите на Мајорга како доказ во случајот да го вклучи договорот за доверливост, кој таа го потпишала во 2010 година кога добила пари од Роналдо.
Роналдо тогаш ги отфрли обвинувањата.
– Одлучно ги отфрлам обвинувањата против мене. Силувањето е грозоморно злосторство кое е спротивно на сѐ што сум и во што верувам – изјави португалскиот фудбалер.
Неговиот адвокатски тим тврди дека сексот бил со нејзина согласност и дека договорот за доверливост ги спречува и неговиот тим и Мајорга да зборуваат за тоа.
По ѕвездената кариера во Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Јунајтед, Роналдо сега игра за Ал Наср во Саудиска Арабија, каде живее со својата девојка Џорџина и децата.