More

    Роналдо на суд триумфираше против Јувентус, му плаќаат вистинско богатство!

    spot_img

    Кристијано Роналдо ја доби правната битка против Јувентус поради спорот околу платата. Старата дама ќе треба да му плати на Португалецот околу десет милиони евра плус камата, пресуди судот.

    Еден од најпопуларните играчи денеска побара од италијанскиот гигант да му плати дури 19,9 милиони заостанати плати што не ги добил за време на заклучувањето предизвикано од пандемијата на коронавирус.

    За време на кризата Јувентус постојано ги намалуваше платите на играчите. Прво во 2020 година подеднакво им ги намали платите на сите играчи за да заштеди бидејќи немаше приход од билети и натпревари, а потоа во 2021 година управата разговараше со секој играч поединечно за намалувањето.

    Роналдо во тоа време заработуваше 31 милион евра нето годишно и се согласи да го одложи плаќањето од речиси 20 милиони евра додека не заврши пандемијата. Јувентус никогаш не му ги платил тие пари, па се одлучил за оваа тужба.

    Португалецот одигра 134 натпревари за Јувентус. Тој постигна 101 гол и забележа 22 асистенции од летото 2018 до летото 2021 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img