More

    Резолуцијата на ОН предвидува прекин на борбите во три фази

    spot_img

    Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри планот на американскиот претседател Џо Бајден за постигнување прекин на огнот во Газа со резолуција усвоена во Њујорк.

    За предлог-резолуцијата гласаа 14 земји-членки, додека Русија, една од земјите со право на вето, беше воздржана.

    Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, подоцна изјави дека најмоќното тело на ОН гласало за мир.

    Резолуцијата го поддржува планот претставен од претседателот Бајден, кој предвидува прекин на борбите во Појасот Газа во три фази.

    Според САД, единствено Хамас сѐ уште не се изјаснил дали се согласува со планот. Меѓутоа и владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сè уште не излезе јасно и јавно за планот.

    Во понеделникот Хамас ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за поддршка на планот за прекин на огнот во Газа, велејќи дека е подготвен да соработува со посредниците во спроведувањето на принципите на планот, објави Ројтерс.

    Резолуцијата на Советот за безбедност, која е обврзувачка според меѓународното право, објави дека Израел го прифатил планот и го повика Хамас да го стори истото, повикувајќи ги двете страни да го усвојат планот без одлагање и безусловно.

    Ова е 11 обид на Советот за безбедност на ОН да гласа за резолуција поврзана со конфликтот од почетокот на војната во Газа. Од тоа, беа усвоени само 4 резолуции.

    Амбициозниот предлог на Бајден од крајот на мај бара целосен и неодреден прекин на огнот за 6 недели. Во тој период би била ослободена одредена група заложници. За возврат, ќе бидат ослободени и Палестинците од израелските затвори.

    Во следната фаза борбите трајно би биле прекинати, а останатите заложници би биле ослободени.

    Според нацрт-резолуцијата, последната фаза би ја опфатила реконструкцијата на Појасот Газа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img