More

    Регионален гувернер: Околу 11.000 луѓе се евакуирани од регионот Харков

    spot_img

    Речиси 11.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови во регионот Харков во североисточна Украина откако руските сили започнаа копнена офанзива во пограничниот регион, изјави гувернерот Олег Синегубов.

    „Вкупно 10.980 луѓе се евакуирани“, изјави гувернерот на регионот Харков на Телеграм.

    Илјадници луѓе ги напуштија своите домови бидејќи руската армија зазеде неколку погранични села на почетокот на ненадејната офанзива на 10 мај во правец на Липци и Вовчанск, принудувајќи го Киев да брза со засилување.

    Продолжуваат борбите во регионот Вовчанск, град кој пред војната имал околу 18.000 жители и се наоѓал на само пет километри од границата, соопшти Генералштабот на украинската армија.

    Нашите бранители даваат добар одговор“, се додава во соопштението.

    Украина постигнува „опипливи резултати“ наспроти руската офанзива во овој регион, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно оваа недела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img