More

    Британскиот министер за воени ветерани Џони Мерсер им порача на луѓето кои го исмеваат „да пораснат“, откако фотографијата на којашто тој седи бос во воз за Лондон стана хит на интернет

    spot_img

    Британскиот министер за воени ветерани Џони Мерсер им порача на луѓето кои го исмеваат „да пораснат“, откако фотографијата на којашто тој седи бос во воз за Лондон стана хит на интернет.

    Сликата прв ја објави лондонски „Тајмс“ (The Times), а Мерсер го фотографирал некој од патниците. Корисниците на социјалните мрежи го критикуваа министерот што ги собул чевлите и чорапите во јавниот превоз. Тој инсистира дека не направил ништо лошо.

    – Значи, некој чудак одеше наоколу и го фотографираше мојот лаптоп додека читав приватни пораки. Чевлите и чорапите ми беа собуени затоа што тукушто пројдов со велосипед низ Дартмур на дождот. И, сега – убијте ме! Или пораснете! – објасни Мерсер.

    Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак на новинарско прашање се согласи дека „не е в ред да се собувате“ во воз. Тој најави дека Сунак ќе разговара со својот министер за овој случај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img