More

    Речиси целата област на Црна Гора е без струја

    spot_img

    Речиси целата област на Црна Гора е без струја, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС).

    Како што се наведува во краткото соопштение на Фејсбук страницата на ЦЕДИС, проблемот е „дефект во мрежата на црногорскиот електропреносен систем’.

    Струја нема во Будва, Бар, Рисно, Подгорица. „Побједа“ јавува дека избувнал пожар на еден од далноводите. Нема струја, наведува и Зета.

    Не се знае кога проблемот би можел да се реши.

    Во исто време, како што пренесуваат хрватските медиуми, речиси цела Далмација е без струја.

    Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштел, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, бројни острови…

    Без напојување со електрична енергија денеска остана цела Босна и Херцеговина.

    Ова за локални медиуми го потврди Елекропренос БиХ.

    Како што велат, во Сараево застанале трамваите, а семафорите не работат. Без струја се и многу други градови – Тузла, Брчко, Бањалука, Бјелина, Мостар, Зеница…

    Засега не е позната причината за прекинот на електричната енергија во БиХ.

    Без електрична енергија од пладне е Тирана и повеќе градови во Албанија, како Корча, Елбасан, Скадар, Драч, Поградец, Лежа и Кукс.

    – Илјадници семејства останаа без струја во топол ден кога температурите достигнаа 41 степени Целзиусови и кога денешниот ден е еден од најтоплите денови. Недостигот на електрична енергија предизвика хаос  во сообраќајот поради неработење на семафорите – објавија медиумите.

    Официјално соопштение за причината од државните институции нема, но, медиумите наведуваат дека има проблеми со далноводот Албанија-Црна Гора, но и далноводот  Албанија-Грција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img