More

    Сали истакна дека успеале да ја добијат една од трите највисоки функции во државата

    spot_img

    Во отсуство на претседателот Африм Гаши, ви се обраќам како потпретседател и водач на Алтернатива, поздравувајќи и посакувајќи им успешна работа на пратениците, а од утре и на членовите на новиот владин кабинет“, рече Беким Сали, потпретседател на Алтернатива.

    – Пред да се состанеме утре да ја изгласаме новата влада, денеска се собравме овде пред луѓето од нашите партии, за да кажеме на овој начин, но и јавно дека како што предупредувавме, промената дојде. Сега дури и најголемите скептици се убедени дека не само што бевме во право кога го тврдевме тоа, туку во тоа се уверија и се согласија и нашите противници, кои со намера да се спасат преку разни експерименти, само ни го оправдаа нашето право на застапување на Албанците на сите нивоа на власта – рече Сали.

    Тој истакна дека добрата вест е што оваа политичка ротација се случува со слободно гласање, на демократски начин, а тоа е благодарение на сите граѓани на нашата земја, кои гласаа за оваа промена.

    – Она што сакам да го истакнам во ова обраќање е дека ние како коалиција ја зачувавме застапеноста на Албанците на една од трите највисоки позиции на власта, избирајќи го Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Дополнително, во ова учество во извршната власт бевме многу внимателни нашето учество да не биде пониско од присуството на Албанците во оваа земја, туку повеќе од тоа, бевме фокусирани на институциите кои се занимаваат со спроведување на нашата политичка програма, со цел сериозно и посветено да работиме во процесот на интеграцијата на земјата во Европската унија, но и овозможувајќи економски, здравствени, социјални и еколошки политики, со кои веруваме дека значително ќе го подигнеме квалитетот на животот на нашите граѓани. Ова учество во извршната власт ќе резултира и со други нивоа на власта и сигурен сум дека ова како конечен резултат ќе има понапредно општество во сите области од животот, додека за Албанците оваа политичка ротација значи и ротација во нивниот реален живот, бидејќи во 2024 година завршуваат годините на летаргија, за да им го отвори патот на годините на слободата, демократијата, правдата, еднаквоста и благосостојбата. Дека не зборуваме само за работите кои изгледаат убаво, туку имаме многу поубави реални проекти пред нас, во ова ќе се увериме наскоро и ние ќе имаме можност заедно и лесно да го констатираме ова – изјави Сали.

    Тој им посака добра и успешна работа на идните министри, порачувајќи им дека ќе ја имаат целосната поддршка во спроведувањето на нивните стратешки политики.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img