More

    Речиси 45 милиони корисници на Инстаграм, меѓу кои и познати личности како Бела Хадид и Никола Кофлан, ја споделија сликата на која се прикажани шаторски кампови за раселените Палестинци и слоганот „сите очи се вперени кон Рафа“

    spot_img

    Речиси 45 милиони корисници на Инстаграм, меѓу кои и познати личности како Бела Хадид и Никола Кофлан, ја споделија сликата на која се прикажани шаторски кампови за раселените Палестинци и слоганот „сите очи се вперени кон Рафа“.

    Споделувањето на објавата дојде поради критиките од меѓународната заедница во врска со Рафа, град кој се наоѓа во јужниот дел на Појасот Газа, во близина на египетската граница, кој беше предмет на интензивно бомбардирање од страна на израелските трупи.

    Пред нападот на Израел Рафа се сметаше за хуманитарна зона за цивили. Досега се убиени најамлаку 45 Палестинци. Луѓето ги бараа своите најблиски низ јагленосаните остатоци од изгорените засолништа од нападот надевајќи се дека нивните роднини преживеале.

    Сликата која сега масовно се споделува е создадена со помош на вештачка интелигенција. Тоа била една од причините што таа можела да стигне до толку профили и да биде споделувана, смета Сара Џексон, професорка на Универзитетот во Пенсилванија. Во спротивно, вистинските слики од Газа не постигнуваат толкава масовност поради алгоритамските упатства кои кријат графичка содржина.

     

    Слоганот на сликата веројатно е инспириран од Ричард Пајперкорн, претставник на СЗО за Газа, кој претходно изјави дека „сите очи“ се вперени во она што се случува во Рафа.

    Во меѓувреме, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е „огорчен“ од израелските напади во Рафах.

    „Овие операции мора да престанат. Нема безбедни зони за палестинските цивили во Рафа. Повикувам на целосно почитување на меѓународното право и итен прекин на огнот“, напиша Макрон на Икс во понеделникот.

    Повеќе од 36.000 Палестинци и околу 1.500 Израелци се убиени откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img