More

    Речиси 142.000 евра (8,7 милиони денари) денари ќе плати државната МЕПСО за справување од последиците од сајбер нападот од пред речиси 2 месеци, без сревисирање на веб- страницата

    spot_img

    Речиси 142.000 евра (8,7 милиони денари) денари ќе плати државната МЕПСО за справување од последиците од сајбер нападот од пред речиси 2 месеци, без сревисирање на веб- страницата.

    Фирмата ЦПП Услуги со која МЕПСО ја ангажирал без објавување јавен оглас во постапка на преговарање треба да  подготви анализа на дигитални докази и форензика, но и да ги врати  податоци од датотеките кои беа цел на сајбер нападот.

    Според договорот за јавната набавка  објавена на електронскиот систем за јавни набавки склучен пред неколку денови одговорот по сајбер безбедносниот систем и анализата ќе чини 1,6 милиони денари со пресметан ДДВ,  додека пак враќањето на податоците од датотеките ќе чини 7,05 милиони денари исто така со пресметан ДДВ.

    ЦПП Услуги има рок од една година да ги заврши обврските.

    Нападот во МЕПСО кој траеше 3 дена го извршија 2 хакерски групи, но брзата реакција на ИТ експертите од приватниот сектор спречи државната компанија да плаќа откуп за податоците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img