Клисура на истокот на островот Гуишан, популарна туристичка дестинација во Тајван, се откина и се лизна во морето по разорниот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата во средата, пишува Vnxpress International.
Тајванската телевизиска станица ТВБС прва објави за штетите на островот Гуишан, кој поради својата форма го нарекуваат и „остров на желки“.
Тајванскиот информативен портал Creaders напиша дека големи камења паднале во морето, но дека никој не е повреден бидејќи во тоа време во близина немало туристи или чамци.
Земјотресот го погоди Тајван во средата наутро во најфреквентно време, а беше почувствуван и на целиот остров, кој има повеќе од 23 милиони жители.
Тајванската централна метеоролошка управа (CWA) соопшти дека земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случил во 7:58 часот во средата (вторник 23:58 часот по средноевропско време) на длабочина од 15,5 километри.
Бројот на потврдени повредени во најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години се искачи на 1.050, соопштија властите во четвртокот.