„Експертот рече дека имам некои психопатски особини,дека реагирам импулсивно на прозивањето. Тоа ми пречеше, ми бодеше уши. Ги поминав сите психолошки тестови и анализи… Бев таму и ми дадоа тестови, како и тест на личноста. Моето прашање е како наеднаш сум се претворил во психопат, лудак и во крвожеден убиец?“,
Ова го изјавил Урош Блажиќ кој е обвинет за извршување масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона.
– Полагав тестови во април 2022 година, бев нормален, можев да служам во војска, да добијам офицерски чин. За една година станав крвожеден ѕвер и убиец. Ги барам наодите од Воено-медицинската акедемија, дека ми извршија проверки – додал тој.
Урош рекол дека сака да знае и дека за него биле направени две вештачења, а не само едно, објави порталот Б92.
На судењето се дискутирала и темата за потеклото на неговиот пиштол, односно тој бил прашан од каде го купил револверот и колку платил за него.
– Легално е купен во Белград, во есента 2020 година… Оружјето го регистрирав истиот ден – потврдил убиецот од Младеновац.
На прашањето дали револверот бил наполнет или празен кога бил одземен, Блажиќ рекол дека не знае.
На Урош му била покажана и фотографија од наполнет револвер.
– Толку од вашето тврдење дека пиштолот бил празен цело време – изјави адвокатот Синиша Машовиќ.
Урош Блажиќ одговорил дека гледа оти пиштолот е наполнет.
Адвокатот Небојша Перовиќ го прашал Урош дали во моментот кога ја испратил пораката дека ќе направи масакр, решил да направи масакр или, пак, тој претходно ја донел таа одлука.
Блажиќ одбил да одговори на прашањата на адвокатот Перовиќ.
– Нема да одговорам на ниедно ваше прашање, на телевизија ме нарековте психопат – рекол Блажиќ.