Расположението во германската автомобилска индустрија нагло се влоши во август. Компаниите имаат песимистички очекувања за следните 6 месеци, покажува извештајот на Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.
Показателот што го мери деловното расположение во германската автомобилска индустрија падна во август од минус 18,3 поени во јули на минус 24,7 поени, пред се поради крајно песимистичките очекувања за следните шест месеци.
Индексот за мерење на деловните очекувања на компаниите во претстојниот полугодишен период падна од минус 29,5 поени во јули на минус 40,5 поени, додека вредноста на показателот за оценка на тековната деловна состојба се намали од минус 6,9 поени на минус 7,2 поени.