More

    Ракета испалена од Газа погоди станбена зграда во Израел

    spot_img

    Ракета истрелана од Појасот Газа погодила станбена зграда во израелскиот крајбрежен град Ашкелон. Според израелските извештаи, три лица се повредени во ноќниот напад врз градот кој е на околу 10 километри од Газа.
    Палестинската исламистичка организација Хамас, која ги изврши терористичките напади на 7 октомври врз јужните израелски заедници што ја предизвикаа разорната војна во Газа, неодамна ги засили нападите врз израелските градови и села.

    Израелскиот граничен премин Керем Шалом вчера повторно бил нападнат, соопшти израелската армија. Милитантите истрелале четири проектили на преминот, кој служи за доставување хуманитарна помош до Појасот Газа.

    Израелскиот противракетен систем пресретна една ракета, а другите погодија ненаселени области.
    Израел се подготвува за зголемен број напади на своја територија додека израелската армија навлегува подлабоко во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа. Меѓународната јавност, вклучително и сојузниците на Израел, силно ја критикува израелската офанзива врз градот, но израелското раководство смета дека таа е неопходна за да се постигне воената цел за целосна елиминација на Хамас.
    Шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека Газа се соочува со ризик од „епска хуманитарна катастрофа“ доколку Израел започне целосна копнена операција во Рафах. Лидерот на ЕУ, Шарл Мишел, напиша на социјалните мрежи дека на цивилите од Рафах им е наредено да одат во „небезбедни зони“, осудувајќи го како „неприфатливо“.

    Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во саботата дека копнениот напад врз градот Рафах во јужниот дел на Газа ќе биде неодговорен и ќе доведе до огромна загуба на цивилни животи.

    – Сметам дека офанзивата на Рафах би била неодговорна. Ние предупредуваме на тоа. Не веруваме дека постои некаков пристап што на крајот нема да доведе до неверојатна загуба на невини цивилни животи – рече Шолц, додавајќи дека тоа му го пренел и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

    Лекарите без граници (MSF) соопштија дека израелските операции во градот „го оневозможуваат обезбедувањето медицинска помош за спасување животи“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img