More

    Поп иконата од 80-тите Саманта Фокс беше уапсена поради непристојно однесување во авион

    spot_img

    Поп иконата од 80-тите Саманта Фокс беше уапсена поради непристојно однесување во авион.

    Како што пренесуваат американските медиуми, 57-годишната пејачка ја поминала ноќта во затвор по пијана расправија која се случила во авион на Бритиш Ервејс, кој требало да замине за Минхен.

    Според извори кои биле присутни, авионот бил подготвен за полетување од Лондон, но летот бил откажан поради инцидентот предизвикан од Саманта Фокс. Патниците морале да излезат од авионот и добиле сместување во еден од лондонските хотели. Следниот ден го продолжија патувањето.

    Полицијата извести дека Саманта била уапсена поради сомневање дека била пијана во авионот и била пуштена со кауција. Подоцна, пејачката се огласи, велејќи дека и е многу жал за вознемирувањето што им го направила на другите.

    Инаку, Фокс минуваше низ тежок период во март минатата година, кога нејзината сестра Ванеса ненадејно почина од срцев удар на 50-годишна возраст. Претходно таа изјави дека имала многу блиски односи со нејзината сестра која еднаш ја спасила од нејзиниот татко алкохоличар, пренесува Klix.ba.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img