More

    Работата на Апелација редовно се следи, работна група пак ќе ја посети за „Таргет-Тврдина“

    spot_img

    Работна група составена од тројца членови на Судскиот совет, која според годишниот распоред е задолжена за следење на работата на Апелациониот суд во Скопје, ќе го посети овој суд и ќе провери дали има процесни и други повреди и одолговлекување при одлучувањето за предметот „Таргет-Тврдина“.

    Групата је предводи Тања Чачарова, а во нејзин состав се и Мирјана Радевска Стевкова и Мери Радева. На итната седница на Судскиот совет, претседателката Весна Дамева предложила да се проверат и предметите „Трезор“ и „Транспортер“.

    Во врска со очекувањата од работната група, Чачарова изјави:

    – Јас, како координатор, сакам едно мало појаснување. Судскиот совет во рамки на своите надлежности има вршено работни посети во овој суд. Ги следи работата на судиите и старите и нерешени предмети. Добиваме и месечни извештаи. Ја знаеме и причината поради доволно судии, зборувам генерално не за конкретните предмети, да го совладуваат приливот на предмети што го добиваат на месечно и на годишно ниво. Апелацискиот суд во Скопје е суд кој има најсложени и најголем број предмети. Колку траат постапките во голема мера зависи и од овие факти. Што би вршела работната група во контролата? Надзор на што? На траењето на судската постапка, да се земе предвид колку предмети имал овој совет што одлучувал, колку решил, дали имаме намерно одолговлекување или состојбата налагала така. Тоа е она ние можеме да го утврдиме ние.

    Весна Дамева неодамна беше избрана за претседателка на Судскиот совет, а јавноста остана вџашена не само од нејзината блискост со поранешното раководство на СДСМ на чело со Зоран Заев, туку и од фактот дека таа нема ниту еден ден стаж како судија.

    Инаку, скопска Апелација, под притисок на јавноста, утрово во соопштение до јавноста ја образложи одлуката со која ја укина првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img