More

    Во Скопје регистрирани повеќе случаи на насилство

    spot_img

    Во Скопје во текот на вчерашниот ден во полиција се пријавени повеќе случаи на насилство, во два од нив жртви се малолетници. Во Градски трговски центар, малолетник бил нападнат со остар предмет од други малолетници. Вториот инцидент се случил во основно училиште во Ѓорче Петров каде малолетно девојче било физички нападнато од нејзин соученик.

    „На 18.04.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Д.В.(48) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во Градски трговски центар во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот од нив имал остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    На 18.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(38) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – информираа од МВР.

    Уште два инциденти со физичка пресметка се пријавени на подрачјето на Бит Пазар.

    „На 18.04.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(24) од Скопје пријавил дека на 17.04.2024 околу 12.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.Р.(42), кој употребил и остар предмет и му нанел повреда. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 18.04.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот на подрачјето на Бит Пазар Џ.Р.(27) бил физички нападнат од И.Р.(45), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“ – стои во известувањето од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img