Рускиот претседател Владимир Путин оваа година избра само избрана група на луѓе на кои ќе им испрати новогодишна честитка, а меѓу нив беше и српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува Kremlin.ru.
Путин му честиташе и на Вучиќ по повод претстојниот православен Божиќ. Путин истакна дека „во изминатата година руско-српските односи продолжија прогресивно да се развиваат врз принципите на стратешко партнерство: практична соработка во трговската, економската, културната и хуманитарната сфера, продлабочена доверба, политички дијалог и координација на напорите во меѓународните и регионални работи, што е особено неопходно во сегашната тешка геополитичка ситуација“.
На списокот државници на кои Путин им испратил честитка нема ниту едно име од САД, додека во ЕУ честитка му испратил само на унгарскиот претседател Виктор Орбан, на кого му напишал дека „и покрај тешката меѓународна ситуација , односите меѓу земјите одржуваат позитивен тренд“.
Честитка од Кремљ по повод новогодишните празници беше упатена и до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кинескиот Си Џинпинг и белорускиот претседател Александар Лукашенко, кого Путин го нарече и пријател.