More

    Путин им се закани на западните земји пред претседателските избори во март

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот, пред изборите во март 2024 година, дека секое странско мешање во Русија ќе се смета за агресија.

    Додека тој зборуваше денеска пред Светскиот совет на рускиот народ, предводен од поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, ликот на Путин беше прикажан на голем екран покрај две големи стари православни икони, јавуваат светските медиуми.

    Руската православна црква отворено ја поддржува војната на Русија во Украина, а Путин го прифаќа нејзиниот конзервативизам како дел од неговата визија за рускиот национален идентитет.

    Путин рече дека Западот е зафатен од расистичка русофобија која ги прикажува Русите како нација на заостанати „робови“ и предупреди дека САД, според него, „сакаат да ја распарчат Русија и да ги ограбат нејзините огромни ресурси“.

    Путин, кој има 71 година, исто така, ги предупреди Русите дека треба да ги научат лекциите од Болшевичката револуција во 1917 година, граѓанската војна и распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, кои според него го поделиле рускиот народ.

    – Сакам да нагласам: секое надворешно мешање, провокации насочени кон предизвикување меѓуетнички или меѓурелигиски конфликти ги сметаме за агресивни акти против нашата земја. Секој обид за сеење меѓуетнички или меѓурелигиски раздор, поделба на нашето општество, предавство, е криминал против цела Русија. Нема да дозволиме никој да ја подели Русија – додаде тој.

    Изборната кампања за претседателските избори ќе почне следниот месец и се очекува Путин да се кандидира. Тој е на власт од 2012 година, а пред тоа владееше од 2000 до 2008 година.

    Рускиот патријарх Кирил рече дека ќе се моли Путин да продолжи да работи „за доброто на Русија и рускиот народ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img