More

    Пунам Пандеј ја загуби битката со ракот

    spot_img

    Манекенката и актерка Пунам Пандеј почина на 32-годишна возраст по тешка битка со ракот на грлото на матката.

    Боливудската убавица починала вчера, 1 февруари, објави нејзиниот тим на социјалните мрежи утрово.

    Тие изјавија за „Фри прес журнал“ дека Пунам починала синоќа. Таа била во нејзиниот роден град Канпур, Индија кога починала.

     

    „Тешко ни е ова утро. Со длабока тага ве известуваме дека ја загубивме нашата сакана Пунам поради рак на грлото на матката. Секоја жива форма што некогаш стапила во контакт со неа била дочекана со чиста љубов и добрина“, пишува во соопштението објавено на официјалниот инстаграм-профил на Пунам Пандеј.

    Тие го додадоа и следново:

    „Во ова време на тага, би сакале приватност додека со задоволство ја паметиме по сѐ што споделивме.“

     

    Набргу откако ова беше објавено на Инстаграм, нејзините обожаватели со неверување ја коментираа објавата.

    „Умре? Се надевам дека ова не е лажна објава“, „Се надевам дека не е некој маркетиншки трик, бидејќи е лош вкус, но ако е вистина, почивај во мир“, се дел од коментарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img