More

    Првиот секретар во хрватската амбасада се сомничи за шпионажа

    spot_img

    Првиот секретар во Амбасадата на Република Хрватска во Белград, Хрвоје Шнајдер, протеран е од Србија поради шпионажа. Медиумите наведуваат дека се работи за документирана шпионажа од страна на Шнајдер и за регрутирање на лица да работат за хрватската служба.

    Како што пишува во образложението на српското МНР, одлуката за протерување на Шнајдер е донесена во согласност со членот 9 од Виенската конвенција, кој ги регулира дипломатско-конзуларните односи.

    Од друга страна, Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска изрази жалење поради одлуката на Србија да го прогласи Хрвоје Шнајдер, за персона нон грата, со оценка дека ова е чекор кон влошување на меѓусебните односи меѓу двете земји, како и дека го задржува правото да одговори на овој потег „во време и на начин кое самата ќе го избере“.

    – Целосно ја отфрламе основата за протерување на акредитираниот хрватски дипломат – соопштија од хрватското Министерство за надворешни работи во врска со протерувањето на хрватскиот дипломат.

    Провладиниот белградски таблоид Ало, наведува дека српската агенција БИА (Агенција за безбедност и информации) „разоткрила хрватски дипломат кој се обидел да создаде агенциска мрежа во Белград“, како и дека „контактирал со луѓе од политиката, бизнисот и медиумите“.

    „Српската служба долго време ги следеше неговите активности и кога ги најде сите релевантни докази беа преземени сите мерки за да се запрат неговите непријателски активности“ – пишува Ало.

    Хрватски Телеграм пишува дека односите меѓу Хрватска и Србија прилично ескалирале за само неколку часа, како и дека Загреб жестоко реагирал на протерувањето на дипломатот.

    „Речиси во исто време, идентични неофицијални информации објави и српското издание на руски Спутник, кој, ја додаде прилично неверојатната теза дека поради овој случај „во западните моќни кругови се инсистирало на смена на Александар Вулин“ од позицијата шеф на српската разузнавачка служба БИА“ – пишува Телеграм.

    Додаваат дека Вулин, „како што е познато, неодамна самиот поднел оставка од таа функција со прилично необична објава дека ја дал главата за Србија за Америка и ЕУ да не и воведат санкции“.

    Хрватски „Јутарњи лист“ го пренесува соопштението од МНР во кое се наведува дека Шнајдер „грубо отстапил од рамката на дипломатските норми“ и ја прекршил Виенската конвенција, и по тој повод била доставена дипломатска нота до хрватскиот амбасадор Хидает Бишчевиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img