More

    Дали Вучиќ сака да му каже нешто на Курти меѓу редови?

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ на конференцијата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека српските вооружени сили професионално ги извршувале своите задачи.

    – Што се однесува до Армијата на Србија, таа професионално ги извршуваше своите задачи. Таа никогаш не ги надминала своите права и овластувања. Секогаш имала коректни односи со КФОР и НАТО. А, каде и како согласно Уставот на Република Србија и законите на оваа држава и без да загрозиме никого на никаков начин ќе ја распоредиме нашата војска, тоа е наша работа – изјави српскиот претседател додавајќи дека Србија е воено неутрална земја и дека не добива наредби од никого.

    Потоа тој ги коментираше можните заеднички вежби со НАТО:

    – Се знае кој раководи и командува со српската војска. Како врховен командант на вооружените сили ќе испратам барање до Владата на Србија да ја разгледа одлуката за продолжување на вежбите со нашите партнери.

    Во неделата косовскиот премиер Албин Курти на Фејсбук напиша дека има информации дека Србија поставила противвоздушни системи на границата со Косово и дека не ја повлекла војската и покрај меѓународниот притисок. Тој напиша и дека се врши притисок врз Србите на Косово да не гласаат на претстојните избори на 17 декември и дека лидерот на Српската листа, Милан Радоичиќ, се сретнал со дузина политичари во Србија.
    Вучиќ, од своја страна, предупреди дека на Србите повторно ќе им биде скратено правото да гласаат на Косово на претстојните избори на 17 декември. Тој рече дека однапред знае дека косовскиот премиер Албин Курти ќе каже дека нема да има гласање ниту на северот, ниту на југот, од Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

    – На Србите ќе им биде скратено основното право што го имаат. Уште еднаш, (правото што го имаат) во согласност со Повелбата за човекови права и резолуциите на Обединетите нации. Однапред знам што ќе се случи. Курти, затоа што сака да им помогне на некои луѓе во изборниот процес, но нема да спомнам кои луѓе, ќе каже дека нема да има избори ни на северот, ниту на југот. А потоа ќе имаме една јасна осуда што Квинта ќе ја даде во изјава и тоа ќе биде крај на приказната. Србите нема да гласаат на Косово – рече Вучиќ.

    Според српскиот претсеател, во Косово се загрозени само Србите од кои за една година си заминале 13 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img