More

    Првата трка на бикови се одржа во Памплона по три години

    spot_img

    Првото трчање на биковите се одржа денеска во Памплона во рамките на фестивалот Сан Фермин.Во трката која траеше две минути и 35 секунди немаше потешко повредени, но неколку лица се здобија со расекотини, повреди од пад или беа прегазени од бикови. Десетици илјади луѓе ја следеа трката низ тесните улички на Памплона.

    Тоа беше прва од осумте трки закажани за време на фестивалот.

    Биковите кои трчаат наутро се убиваат попладне. Активистите за правата на животните водеа кампања против колежот, но борбите со бикови се уште се популарни во некои делови на Шпанија и се составен дел од фестивалот Сан Фермин.

    Лани и завчера фестивалот не се одржа поради пандемијата на коронавирус.

    Во Шпанија повеќето луѓе се вакцинирани, но маските се препорачуваат поради неминовното зголемување на бројот на заразени, но меѓу толпата во Памплона, средновековен шпански град, маските се ретка глетка.

    Фестивалот е познат по трките со бикови кои се организираат секое утро во 8 часот, а на кои учествуваат илјадници луѓе, главно мажи, традиционално облечени во бело, со црвени марами околу вратот. Патеката е долга 876 метри, а посипана е со супстанца по која биковите се лизгаат при свиоци.

    Овој настан потекнува од 16 век, во чест на светецот и патронот на Памплона, Сан Фермин.

    Фестивалот го овековечи познатиот Ернест Хемингвеј во романот „Сонцето изгрева“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img