More

    Првата дама на САД Џил Бајден најави дека нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден, ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2024 година

    spot_img

    Првата дама на САД Џил Бајден денеска најави дека нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден, ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2024 година. Таа изјави дека „речиси ништо не останува освен да се прецизира времето и местото за тоа да биде официјално објавено.

    Иако Бајден одамна ја искажа својата намера повторно да се кандидира за функцијата, тоа се уште официјално не го сторил, а го мачат прашањата дали не е престар за уште еден мандат како претседател, со оглед на тоа што, доколку победи на изборите, на крајот на вториот претседателски мандат ќе има 86 години.

    – Тој вели дека сè уште не е готов со обврските. Не го завршил тоа што го почна, и тоа е важно – рече Џил Бајден во Најроби, последната станица од нејзината петдневна турнеја низ Африка, и притоа праша колку пати тоа мора да повтори за луѓето да поверуваат.

    Соработниците на Бајден велат дека неговата кандидатура најверојатно ќе биде објавена во април.

    Американските медиуми сметаат дека првата дама на САД е клучна во однос на плановите на Бајден за иднината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img