More

    Руски ракети погодија зграда во Украина, најмалку осум мртви

    spot_img

    Најмалку осум лица загинаа кога две руски ракети синоќа погодија зграда во Покровск, во источна Украина, соопштија украинските власти.

    Во таа област, руската армија тврди дека напредува во последните денови.

    Во нападот загинаа пет цивили, а 14 се ранети, напиша преку Телеграм шефот на воената управа на Доњецк, Павло Кириленко. Тој додаде дека според нивните сознанија загинале двајца вработени во државната спасувачка служба и еден војник, а ранети се девет полицајци, еден службеник во локалната управа и еден војник.

    Новинарите на агенцијата Франс прес во Покровск видоа како спасувачите работат околу тешко оштетената петкатна зграда, ги евакуираа повредените од урнатините и ги спуштаа жителите заглавени во становите користејќи големи скали.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Русија удрила во станбена зграда и дека за жал има жртви.

    Зеленски објави видео на кое се гледа како луѓето излегуваат од урнатините на петкатната зграда, која во ударот го загуби последниот кат.

    Покровск пред војната имал 60.000 жители.

    „Време е да се каже добра ноќ, но операцијата за спасување продолжува. Денеска сме обземени од тага, гнев и солзи“, напишаа на Фејсбук од воената управа на Покровско.

    Воените власти на регионот Харков во североисточна Украина одделно известија дека двајца цивили, еден маж и една жена, загинале во синоќешниот руски напад врз селото Кругљакивка, во кој минатата ноќ во гранатирање загинаа двајца мажи.

    Русија вчера објави дека напредува кон Купјанск, град на истокот на Украина кој се наоѓа на околу 150 километри од Покровск, во зоната што украинските сили ја вратија од Русите во септември, а која беше под руска офанзива во последните неколку недели.

    Во средината на јули, Украина призна дека е во одбранбена позиција во регионот на Купјанск, каде што руската армија ја започна офанзивата, а оттогаш Москва известува дека полека излегува на терен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img