Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. УВ-индексот ќе изнесува 5.
Минималните утрински температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните дневни од 18 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд.
Утре и задутре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека в недела ќе има целосно разведрување и мало зголемување на температурите. Максималните дневни температури постепено ќе растат, и до недела ќе достигнат 34 степени.