Времето ќе биде променливо облачно, од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 17 степени.