На 15.02.2022 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.М.(61) и Д.И.(34), двајцата од Куманово. Тие биле затекнати во деловен објект во с.Доброшане, кумановско, при обид да извршат кривично дело „тешка кражба“. Кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.