На 27.09.2023 околу 18.50 часот на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот тетовец Г.С., поради сомнение дека околу 14.00 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово извршил кражба во патничко возило „фиат добло“.
Кај него бил пронајден и одземен личен предмет, кој подоцна бил вратен на сопственикот Ш.А.(45) од Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде поднесен соодветен поднесок.