More

    Три симптоми кои се меѓу првите кои укажуваат на рак на тестисите

    spot_img

    Ракот на тестисите во повеќето случаи се јавува кај помлади мажи, обично пред 50-тата година од животот.

    Во Хрватска годишно од него се разболуваат околу 200 мажи, соопшти Хрватскиот институт за јавно здравје. Во споредба со другите видови на рак, прогнозата е многу добра. Истражувањата покажуваат дека петгодишното преживување се проценува на околу 95 проценти.

    Лекарите предупредуваат дека е исклучително важно редовно да се прегледуваат тестисите и да се реагира на првите забележани промени. Имено, лекувањето на ракот на тестисите откриен во рана фаза, па дури и отстранувањето на еден тестис, обично не влијае на сексуалниот живот или плодноста и буквално може да спаси живот.

    Но, како да препознаете дека некое лице има рак на тестисите?

    Очигледно постојат три симптоми кои можат да укажуваат на тоа дека мажот има ваков тип на рак. Тоа се оток или грутка на тестисот, но и каква било промена во обликот или текстурата на самиот тестис. Важно е да се нагласи дека овие појави најчесто не се болни.

    Покрај овие симптоми, кои најлесно се забележуваат со редовно самопреглед, други предупредувачки знаци вклучуваат болна ејакулација и болка во трупот, долниот дел на стомакот, препоните или долниот дел на грбот. Споменатите симптоми најчесто укажуваат на напредна фаза на рак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img