More

    Приватните превозници и денеска продолжуваат со блокада на булеварот Илинден кај бараките на  Град Скопје.

    spot_img

    Приватните превозници и денеска продолжуваат со блокада на булеварот Илинден кај бараките на  Град Скопје. Блокирани се лентите на булеварот на потегот од Фонтана до крстосницата кај ГОБ „8 Септември“.

    Помош да се најде решение за проблемот со исплатата на долгот од Град Скопје, во петокот побараа и од премиерот Димитар Ковачевски до кого, велат, испратиле барање за средба.

    Премиерот во интервју за МИА посочи дека тоа треба да го решат градоначалничката на Град Скопје и мнозинството во Советот на Град Скопје.

    – Решавање на дневни, менаџерски проблеми, како што е овој со превозниците, тоа не е работа на Владата, тоа треба што поскоро да го реши градоначалничката и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ да им го врати функционален градот на скопјани. Кавгите, граѓаните не ги интересираат, туку решенијата – вели Ковачевски.

    Тој додаде дека Владата во рамки на нејзините ингеренции направила се што е во нејзина моќ – законските услови за нормално функционирање на општините се обезбедени, дотациите се обезбедени, а во 2023 планирани се и зголемени блок и ДДВ дотации за општините.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img