More

    Принцезата нема да им се врати на должностите што ги имаше некогаш

    spot_img

    Поради болеста, улогата на Кејт Мидлтон во британското кралско семејство би можела да биде поинаква. Принцезата од Велс, која заедно со својот сопруг, принцот Вилијам, некогаш беше на чело на кралските ангажмани, „можеби никогаш нема да се врати на улогата во која луѓето ја виделе порано“, изјави инсајдер за Us Weekly. Изворот додава дека таа моментално „преиспитува што ќе може да преземе кога ќе се врати“ откако беше подложена на превентивни третмани со хемотерапија.

    Кралскиот експерт Ричард Фицвилијамс смета дека враќањето на Кејт Мидлтон на должностите „ќе се заснова на медицински совети и ќе биде многу внимателно избалансирано“.

    Кејт е далеку од очите на јавноста од јануари кога и беше извршена операција на абдоменот, по што соопшти дека и е дијагностициран рак, а до сега не е откриено за што точно се работи.

    Кралското семејство, исто така, остана затворено за информации поврзани со нејзиното здравје, а откако кружеа различни теории, Кејт на 22 март откри дека нејзиното отсуство е поради дијагноза на рак. Таа не откри каков вид на рак има.

    Кејт и Вилијам имаат три деца, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (6). Бидејќи принцезата од Велс останува надвор од очите на јавноста, Вилијам се врати на своите кралски должности во април и дури даде мала информација за нејзиното здравје кога одговори дека Кејт е добро.

    Засега сѐ уште останува нејасно дали Кејт ќе учествува на годишните прослави на британската монархија и роденденската прослава на кралот Чарлс на 15 јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img