More

    Пријателите не можеле да ја извадат од колата, а полицијата задоцнила

    spot_img

    Американската милијардерка Анџела Чао била пијана кога минатиот месец излетала со својот автомобил Тесла во езеро и се удавила, соопшти полицијата, а пренесува Би-Би-Си.

    Канцеларијата на шерифот на округот Бланко објави дека нивото на алкохол во крвта ѝ било речиси трипати повисоко од дозволеното. Тие рекоа дека нејзината смрт била несреќен случај, а 50-годишната милијардерка починала откако вечерала со група пријатели на 10 февруари, на имот блиску до градот Џонсон Сити.

    Таа поканила 7 пријатели да го поминат викендот на нејзиниот голем имот, а претходната вечер присуствувале на концерт на раперот Питбул, се вели во полицискиот извештај. По вечерата, таа возела со својот автомобил назад кон куќата, но додека се враќала рикверц, изгубила контрола над својот автомобил и завршила во езерото.

    Пријателката Амбер Кеинан им кажала на детективите дека Чао ѝ се јавила во 23.42 часот за да каже дека автомобилот е во вода и дека таа била заробена внатре.

    Нејзините пријатели се обиделе да ја извлечат, но безуспешно. Полицијата дури подоцна успеала да го скрши стаклото и да ја извлече, но веќе било доцна.

    Анџела Чао била претседателка и извршна директорка на бродската компанија на нејзиното семејство „Формост груп“ која управува со глобална флота на товарни бродови. Нејзиното богатство се проценува на повеќе од 14 милијарди долари.

    Нејзината постара сестра, Елејн Чао, е мажена за Мич Меконел, републиканскиот лидер на Сенатот, кој бил и секретар за транспорт во времето на претседателот Доналд Трамп и секретар за труд во времето на претседателот Џорџ В. Буш.

    Кога минатиот месец објави дека се повлекува од функцијата републикански лидер во Сенатот, Меконел посочи дека и трагедијата била фактор во неговата одлука.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img