Претседателот на Теџикистан со порака до Путин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Russian President Vladimir Putin attends a meeting with winners of the Leaders of Russia national management competition at the Kremlin in Moscow, Russia March 12, 2024. Sputnik/Sergei Savostyanov/Pool via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY.

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахман во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин остро го осудил терористичкиот напад во Москва и на рускиот претседател му рекол дека „терористите немаат националност“.

Претходно руските медиуми објавија дека сите четворица напаѓачи кои во петокот убија 133 лица во Москва се државјани на Таџикистан.

Рахман остро го осуди „суровиот и крвав напад“ и кажа дека „терористите немаат националност, ни татковина, ни вера“ – соопшти таџикистанското претседателство.

Русија вчера соопшти дека се уапсени 11 лица, вклучително и четворицата директни напаѓачи во концертната сала во предградието на Москва, и дека сите се странски државјани.

Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката организација Исламска држава (ИД).

„Во овој момент на национална жалост во Русија, шефот на државата Таџикистан ја истакна солидарноста на сите граѓани на Таџикистан со рускиот народ“ – соопшти прес-службата на таџикистанското претседателство.

Share This Article